Поврзете се со нас

АТП

Мекинро за повлекувањето на Федерер: Така е најдобро за сите

Објавено

на

Американската тениска икона, Џон Мекинро даде свој коментар за повлекувањето на двете големи имиња од овој спорт Рожер Федерер и Серана Вилијамс.

Прво крај стави Серана која се збогуваше на домашен терен во Њујорк за да потоа и Федерер донесе одлука дека е време за „пензија“, односно својот последен настап да го има на Лејвер Купот во Лондон.

Мекинро знае дека не им е лесно на двајцата, но тоа е процес, момент кој едноставно мора да се случи.

-За мене кога ќе објавиш дека се пензионираш, треба да се пензионираш. Ама има и други спортисти кои се враќаат и мислат: „Еј, играв добро, сè уште можам да победувам“. Тоа зависи од нив. Од една страна, мислам дека тие се подготвени да продолжат понатаму, но тоа е тешко бидејќи било голем дел од нивниот живот. Значи, ако се вратат, не можете да им замерите, рече Мекинро кој додаде:

-Секако дека сакаме да ги гледаме засекогаш, но кога давате такви најави, правилно е да се каже: „Ова е начинот на кој треба да заврши“. Мислам дека е подобро за сите, -заклучи Џон.

Серена и Рожер искомбинираа 43 грен слем титули во нивните кариери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни