Поврзете се со нас

АТП

Мекинро со заклучок: Ѓоковиќ нема фер третман…

Објавено

на

Џон Мекинро како човек кој многу му даде на белиот спорт секогаш е интересен за тениските фанови, а една од главните причините е тоа што секогаш говори директно, искрено и без влакна на јазикот.

Пред нас е третиот календарски грен слем Вимблдон, па додека се чека конечната одлука за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на истиот Мекинро посочи дека Србинот во минатото немал фер однос, третман од публиката во Лондон.

-Не само што се изедначи со нив, туку ги надмина по севкупен учинок, што изгледаше невозможно. И Рожер и Рафа се елегантни. Тие се сакани и почитувани низ целиот свет, но Новак нема фер третман. Тој сè уште е ѓаволот, лошиот човек. Претпоставувам дека секогаш бараш добар и лош на некој начин. Може да му помогне на спортот кога имате такви ривалства. Мислам дека не е фер иако, искрено, затоа што тој е великан на оваа игра. И на теренот и надвор од него, -истакна Џон и додаде:

-Тој можеше да направи нешто што не можев да го направам јас, да постигне голем успех и покрај тие негативни работи. Знаете, кога луѓето сакаат аутсајдерот или некој друг да победи, тој некако го користи тоа како гориво за да му помогне. Тоа е квалитет без преседан кој не смее да се игнорира, -подвлече Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни