Поврзете се со нас

АТП

Мекинро со критики за Зверев: Беше како палачинка, изгледаше…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Александер Зверев немаше сила да го направи последниот чекор и да дојде до пехарот на Австралија Опен или поточно на завршното скалило го дочека најдобриот светски рекет Јаник Синер кој му одржа лекција и го совлада со 3-0 во сетови.

Италијанецот два сета доби со 6-3, еден со 7-4 во тај-брејк и со тоа само потврди дека е број еден на планетава. Иако Синер важеше за фаворит, многумина очекуваа далеку посилен отпор од Зверев кој веќе е искусен ас, со доста мечеви на највисоко ниво во неговите раце, но ситуацијата на теренот во Мелбрун беше сосема поинаква, па Германецот за своето издание доби жестоки критки од легендарниот Џон Мекинро.

-Синер му влезе во глава, тоа не го негирам. Мислев дека ќе се обиде да влезе во исцрпувачки дуел, да го тестира Синер, кој пред два дена имаше грчеви, а пред четири дена беше болен. Не успеа во тоа, но мора да му се оддаде признание на Јаник кој целосно го исфрли од мечот. Навистина бев изненаден од нивото на игра што го прикажа Зверев на крајот од вториот и во текот на третиот сет. Не знам што се случи со него.

-Немаше енергија, беше рамен како палачинка. Изгледаше како некој што се разболел пред неколку дена, истоштен, иако во последните пет дена одигра само еден сет. Не знам што се случи, -порача Американецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни