Поврзете се со нас

АТП

Мекинро шокиран од Ѓоковиќ: 50 години сум во тенисот, вакво нешто немав видено

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ надмина големи физички проблеми во осминафиналето на Ролан Гарос и успеа да го пронајде патот до нова драматична победа, а да биде уште поинтересно, за првпат после 12 години победи на два меча во низа во кои играше по пет сета.

Откако го совлада Лоренцо Музети со пресврт при негатива од 2:1, светскиот рекет број еден тоа го повтори и против Франциско Серундоло, но мора да се напомене дека враќањето против Аргентинецот беше уште поимпресивно.

Ранетиот Ноле имаше негатива од 2:1 и заостануваше со брејк во четвртиот сет при резутлат 4:2, но некако успеа да го разбуди шампионскиот ген и на крајот да стигне до нова драматична победа.

Решителноста и инатот кој го презентираше Србинот одново ги остави без текст познатите тениски експерти, а најшокиран беше Џон Мекинро кој го коментираше во живо мечот во осминафиналето.

– Не можам да се сетам дека сум видел нешто вакво. Неверојатно, што прави на оваа возраст. Всушност, не е важна возраста, нивото кое го нуди и начинот на кој го пронаоѓа патот до победата се неверојатни. 50 години сум во тенисот, играв 15 години на АТП турот и последните 30 години кометирам…..

– И покрај тоа, се уште сум маѓепсан и зачуден од тоа што го прави овој човек. За време на мечот говоревме дека последен пат победил на два меча со по пет сета пред 12 години, а тогаш имаше 25 години. Тие два меча беа против Мари и Надал на Аустралијан Опен, а сега на 37 години го повтори истото. За да биде уште полудо, пред два дена играше до 3 часот наутро, но успеа да се оправи и од нова негатива и тоа што го прави е неверојатно, – порача Мекинро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни