Мекинро откри за што најмногу му љубомори на Федерер

federer-mekinro

Легендарниот Џон Мекинро не штеди комплименти за успесите на Рожер Федерер, а во својата последна изјава потенцира за што најмногу му љубомори на Швајцарецот.

– Ако треба да изберам една работа за која му љубоморам на Рожер, тоа е љубовта и задоволството со кое игра тенис. Ја има таа уникатна способност да се врати лесно дури и кога е во најтешка ситуација, а тоа е неверојатен квалитет.

– Тоа е се уште најлудата работа што сум ја видел во овие 25 години откако сум коментатор и уште 15 години во кои бев тенисер. Да видам некој кој е на таа возраст, а игра на тоа ниво и подобро од мене кога имав 28 години. Не знам како му успева тоа, но е апсолутно возбудливо да се гледа, – изјавил Мекинро за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари