Поврзете се со нас

АТП

Мекинро: Никогаш не сум видал играч како Надал, тој е неповторлив

Објавено

на

Џон Мекинро беше дел од една успешна тениска генерација, ас кој остави голема трага со своето знаење, квалитет, титули, но и со своето однесување, контроверзност, но кога е во прашање Американецот една работа е сигурна тој секогаш е искрен, зборува директно и без влакна на јазикот.

Сега Џон често го гледаме во улога на аналитичар, коментатор, па така славниот ас даде свое видување за рекордерот по освоени грен слем титули-Рафаел Надал (22).

-Никогаш не сум видел некој како него. Мислев дека Џими Конорс вложува многу напор додека не го видов Рафаел Надал, тоа е лудо и тоа е убедливо неговиот најголем квалитет.

-Сите знаеме дека тој е неверојатен играч, но колку напорно работи на секој натпревар иво гејм, каков труд вложува – тоа е она кон што луѓето се стремат, но тоа е многу тешко да се направи. Ако не е така сите би го правеле тоа. Луѓето му велат на Ник Кирјиос: „Работи напорно и ќе бидеш втор или трет во светот“. Да беше толку лесно, ќе го направеше тоа, но тоа не е за него, -вели Мекинро.

Надал поради повреда мораше да се повлече во полуфиналето на Вимблдон, но според информаците би требало веќе наредниот месец да се врати и тоа на турнирот во Монтреал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни