Поврзете се со нас

АТП

Мекинро: Не ги слушајте Ѓоковиќ и Надал, нивните ставови се извитоперени

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал загрижија со своите изјави кои ги дадоа за евентуалното одржување на Ју-Ес опен, а со оглед на влијанието кое го имаат во светскиот тенис, повеќе од јасно е дека нивните ставови сериозно се земаат во предвид.

Двајцата најдобри тенисери на АТП листата со своите размислувања јасно ставија до знаење дека играњето на грен слемот во Америка е сериозно доведено во прашање, нешто што воопшто не му се допаѓа на Патрик Мекинро.

Помалиот брат на легендарниот Џон Мекинро кој во минатото беше селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Америка потенцираше дека одговорните луѓе во тенисот не треба да ги слушаат Ноле и Рафа, бидејќи нивните ставови се извитоперени во дадениот случај.

– Не гледам причина зошто да не се одигра Ју-Ес Опен. Ако нема драматично влошување на ситуацијата, турнирот треба да оди по новиот распоред.

– Мислам дека ќе сакаат да играат поголемиот број од играчите. Не треба да се слушаат Надал и Ѓоковиќ. Тие се богати и стануваат само побогати, нивното мислење е извитоперено во вакви случаи. Прашајте играчи како Баутиста Агут дали се за продолжување на сезоната, – порача Мекинро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни