Поврзете се со нас

АТП

Мекинро му се поклони на Ѓоковиќ во Њујорк: Ти благодарам што си дел од овој спорт (Видео)

Објавено

на

фото: x.com/atptour

Тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен ќе донесе нови возбудувања за фановите, кои со нетрпение ќе ги очекуваат надмудрувањата на најдобрите светски тенисери, предводени од најтрофејниот Новак Ѓоковиќ.

Србинот си ја оствари најголемата желба за годинава со триумфот на ОИ во Париз, но тоа не значи дека нема да атакува на 25-ти грен-слем трофеј токму во Соединетите Американски Држави.

Како најава за фановите, вчера Ѓоковиќ одиграл егзибициски дубл меч, во кој му бил партнер на легендарниот Џон МекИнро, додека нивни ривали биле Карлос Алкарас и Андре Агаси.

Српско-американскиот тандем го добил мечот со 10:8, но фановите најмногу го споделуваат моментот во кој МекИнро испрати моќна порака до Ѓоковиќ пред фановите на „Артур Еш“ во Њујорк.

– Она што го направи за нашиот спорт и она што го постигна во последните неколку месеци, особено на Олимпијадата. Ти благодарам што си дел од овој спорт, – му порача Американецот на Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни