Поврзете се со нас

АТП

Мекинро: Ју-Ес Опен? Важно е да се врати нашиот спорт

Објавено

на

Легендарниот американски ас, Џон Мекинро се надева дека ќе се одржи овогодинешното издание на Ју-Ес Опен и покрај сите проблеми и пандемијата со коронавирусот.

Турнирот во Њујорк е веќе закажан, а според Мекинро ќе биде добра да се одржи затоа што тоа е значјно за тенисот.

-Ова е чудно, ова е најнеобичното искуство во мојот живот. Не можам да верувам што се случува, навистина е вознемирувачко, -вели Џон и додава:

-Мора да почекаме и да видиме. НБА лигата ќе продолжи во Дизниленд, другите спортови исто тоа го прават. Во помала мерка, ќе биде и во Њујорк. Ситуацијата во Њујорк е подобра од порано. Ако ме прашувате денес, мислам ќе се одржи. Мислам дека играчите ќе бидат заштитени колку е тоа возможно.

-Постојат многу прашања што треба да се решат во наредните недели, многу од тоа е во игра за УСТА (Тениската федерација на САД), тенисот и спортот воопшто. Ќе се направи напор турнирот да се одржи. Иако моите чувства се измешани со празни трибини и сите ограничувања, важно е нашиот спорт да се врати, порача некогашниот најдобар тенисер на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни