Мекинро: Ѓоковиќ ќе освои повеќе грен слем титули од Федерер и Надал

nole udar

Новак Ѓоковиќ успеа да триумфира на Вимблдон и на тој начин да ја подигне 16. грен слем титула во својата кариера по што односно стана актуелно прашањето дали тој ќе може во иднина да ги мине и водечките Рожер Федерер и Рафал Надал.

Швајцарецот зад своето име има 20 пехари на големите турнири, додека малку поскромен е Надал со 18 победи. Двајцата се постари од Србинот, па дефинитивно Новак може да ги надмине, сценарио во кое верува легендарниот Џон Мекинро.

-На крајот верувам дека Ѓоковиќ ќе има повеќе грем слемови од Рожер и Рафа. Веќе за две-три години, -порача Американецот.

Нова битка меѓу овие тројца не очекува на крајот на август кога започнува Ју-Ес Опен.

Facebook Коментари