Поврзете се со нас

АТП

Мекинро: Ѓоковиќ и Мари? Таа соработка…

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Прославениот тениски ас и некогашен светски рекет број еден, Џон Мекинро даде свој коментар за новата соработка која ја најавија Новак Ѓоковиќ и Енди Мари.

Мари неодамна ја заврши активната тениска кариера, но тоа не беше проблем експресно да одговори и се впушти во нов предизвик, па во иднина ќе биде тренер на Србинот, поточно ќе има важна улога во стручниот штаб.

-Јас сум среќен. Таа соработка ќе биде исклучително краткотрајна, но ќе му донесе многу добро на тенисот поради интересот. Се надевам дека Новак ќе ја освои Австралија, бидејќи на Енди му требаат позитивни вибрации.

-И двајцата сакаат напорни тренинзи. Новак секогаш мисли чекор понапред од сите други и излегува пред сите со овие луди идеи, -истакна Мекинро кој во кариерата освои седум грен слем трофеи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни