Поврзете се со нас

АТП

Мекинро е убеден: Ѓоковиќ ќе пронајде мотивација…

Објавено

на

фото: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ не се прослави во оваа година кога се го прашање грен слемовите, ама го оствари сонот и освои злато на Олимписките Игри кои се одржаа во Париз.

Секако ова остава доста прашалници околу Ѓоковиќ и дали тој ќе може одново да се наметне, освојува пехари на најголемите турнири, поточно дали ќе може да додаде уште некој на бројката од 24 која сега ја има зад своето име. Легендарниот Џон Мекинро има став на оваа тема и верува дека Ноле ќе пронајде мотивација и сигурно ќе дојде до 25. грен слем во кариерата.

-Не можете само да го отпишете. Вистината е дека сега, можеби за прв пат, сериозно се прашувате дали повторно ќе освои нешто. Колку повеќе ќе биде мотивиран тој човек? И тогаш се случи да го земе олимпиското злато. Зачуден сум што ја имаше таа мотивација толку долго.

-Сигурно можете да се изненадите. Ако не освои грен слем, ќе се запрашате, како е тоа можно, а минатата година зема три од четири. И сега велиме дека нема повеќе да победи, би бил изненаден ако го стори тоа поради неговата година. Во одреден момент доаѓа до вас, го губите тој фактор на страв со некои момци. Некои што мислеа дека немаат шанса, почнуваат да чувствуваат дека имаат и целата работа се менува и станува многу потешко. Со тоа се соочува сега. Ќе биде интересно да се види дали ќе успее да се справи со тоа. Мислам дека ќе најде мотив за таа 25-та титула, -вели Мекинро кој смета дека Карлос Алкарас е најголем негов ривал на патот до трофеите.

-Алкарас е најкомплетниот играч во својата генерација, подобар е од другите. Тој е толку добар. Да ми кажеше порано дека Ѓоковиќ, Надал и Федерер ќе имаат по најмалку 20 слемови, ќе ти кажев дека си луд. Некако го доведоа спортот на повисоко ниво. Зборуваме за тројцата веројатно најголеми играчи кои се занимавале со овој спорт. Среќни сме што Ѓоковиќ се уште игра и што овие млади играчи, Алкарас и Синер доаѓаат и имаат некакво ривалство со него. Следната станица е да има барем неколку Американци и уште неколку играчи, бидејќи во овој спорт ви требаат ривалства. Големи ривалства. Тоа го прави сè поинтересно и ги прави подобри играчи. Тоа е многу важно. Затоа што во сите спортови никој не ги победува годините, -подвлекува Американецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни