Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ втор стрелец во победата на Задар

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Задар на Адем Мекиќ ја забележа 17. победа во 19. сезонски натпревар во првата кошаркарска лига на Хрватска.

Избраниците на Даниел Јусуп славеа на гостувањето кај Дубровник со резултат 83:64. Фаворитот од првата од третата четвртина го создаваше водството кое по 30 минути игра изнесуваше плус 21 (62-41) што беше јасно дека последнииот период ќе биде само заокружување на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Мекиќ со 11 поени беше втор стрелец кај Задар зад Петар Вујачиќ со 17 кошеви. Адем воедно имаше уште 4 скока, 3 асистенции, 3 украдени, ама и 4 загубени топки.

Во наредното коло Задар ќе го дочека Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни