Мекиќ и Стајиќ го решија Пелистер

basket

Адем Мекиќ и Бобан Стајиќ одиграа круцијална улога во вечерашниот триумф на Куманово над Пелистер од 93-73 во првата македонска лига.

Двајцата репрезентативци кои неодамна потпишаа за Куманово уфрлија по 19 поени, додека капитенот постигна 15 кошеви за прво домашно славје. Луис со вкупно 16 поени беше прво име кај гостите од Битола.

На денешните мечеви триумфи остварија Шкупи и Гостивар. Првите на гостински терен против Струмица со 69-64, вторите во салата „Билјанини извори“ притив АВ Охрид со 81-77.

Facebook Коментари