Поврзете се со нас

Македонија

Мекиќ се враќа во старото јато: МЗТ Скопје го потврди второто летно засилување

Објавено

на

Три години по заминувањето од Скопје, Адем Мекиќ и официјално одлучи да се врати во редовите на МЗТ Скопје, откако клубот денеска соопшти дека е постигнат конечен договор за едногодишна соработка.

Аеродромци веќе кројат планови за наредната сезона, па така откако пред една седмица го договорија Филип Бакоч од редовите на Еуро Никел, денеска беше официјализирано враќањето на добро познато име.

Мекиќ играше за МЗТ Скопје во периодот од 2014-та до 2017-та година и настапуваше во АБА лигата и Европкупот, а во меѓувреме беше дел од Куманово и Пелистер.

Крилниот кошаркар како трикратен македонски шампион се враќа во старото јато, со тоа што овојпат се очекува да има доста позначајна улога бидејќи во првата етапа важеше за еден од најмладите играчи во тимот.

МЗТ на овој начин го потврди второто засилување за наредната сезона, во која од стариот ростер ќе ги гледаме Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со тренерот Ѓорѓи Кочов, кој исто така го обнови договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни