Поврзете се со нас

АБА лига

Мекиќ побрз од сирената, МЗТ со многу мака до прва победа во Бања Лука (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа првата победа на турнирот во Бања Лука кој е дел од овосезонскиот предизвик во АБА2 лигата.

Македонскиот шампион на драматичен начин начин го доби составот на Подгорица со 76-75 и на тој начин се извади за претходниот трилер против Сутјеска кој го загуби со 56-55. Имено херој на „металците“ беше репрезентативецот Мекиќ кој успеа да биде побрз од сирената и да ја смести топката во мрежата на црногорскиот претставник.

Подгорица на 10 секунди до крајот имаше две слободни преку Чарапиќ кои ги промаши по што топката ја прибра Милошевиќ кој ја додаде до Мекиќ по што следуваше продор за положување.

Ова за МЗТ беше седми триумф и во истиот Милошевиќ даде 15 поени, Стојановски 14, а Рикиќ и херојот Мекиќ по 10 кошеви.

Следниот тест за избраниците на Радуловиќ е тимот на Војводина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни