Поврзете се со нас

Репрезентација

Мекиќ: Кога игра дома, Македонија секогаш е тежок противник

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовки за првите два меча од квалификациите за Светското првенство.

Прво на 26 ноември се соочуваме со Шпанија на домашен терен, додека три дена подоцна играме на гости против Украина.

Секако сега фокусот е ставен на битката со „црвената фурија“, тим кој во Скопје ќе дојде со сосема поинаков, променет состав од оној со кој настапуваше на големита натпреварувања во изминативе години, ама без разлика на тоа тие ќе ја имаат улогата на апсолутни фаворити.

Тоа ќе мора да потврдат на теренот што значи се остава простор за нашата репрезентација и да направи изненадување, сценарио во кое верува членот на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ.

-Пред сè, ќе ја бараме шансата во домашните натпревари, затоа што мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак и европски шампион во повеќе наврати. Но претпоставувам дека и таа Шпанија ќе дојде со втор состав. Тие ќе имаат сигурно желба да се докажат, но сите знаеме дека Македонија кога игра дома, пред свои навивачи е тежок противник.

-Верувам во овој состав, можеме да изненадиме, како што кажав претходно, шансата ја гледаме во домашните натпревари. Но, ќе одиме да се надигруваме со секоја репрезентација и на гости – вели Мекиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни