Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ ја освои титулата со Задар, па се појави со дрес на Гечевски: Овде бев прифатен како Тоше, публиката од првиот момент…

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ успеа со неговиот Задар да стане шампион во Хрватска и тоа откако во финалната серија беше разбиен Сплит со 3-0.

Задар прво обезбеди две гостински победи за да вчера во својот дом го преслуша, докрајчи ривалот со 99-62 и со тоа се врати на тронот на хрватската кошарка.

Мекиќ и Задар го уништија Сплит и го грабнаа пехарот во Хрватска

Мекиќ на церемонијата се појави со дрес на нашата легенда Тодор Гечевски, играч кој е легенда и на Задар со оглед на тоа што мина пет одлични години во оваа средина.

-Пред се сакам да му ја честитам титулата на  МЗТ Скопје, каде што ја почнав оваа сезона. На моите соиграчи, на целиот стручен штаб, и на целата организација во клубот од Аеродром.

-Што се однесува до мене, пресреќен сум, особено што можев да ја почуствувам сета оваа еуфорија која ја создава градот Задар, при освојување на некоја титула, без оглед на тоа дали била шампионска титула, Куп, или нешто трето. Едноставно, навистина е неверојатно чувството да се биде дел до една ваква организација, и клуб со една ваква традиција, кој од вчера е првак на Хрватска. Немам зборови да опишам што се случува тука. Би сакал и други мои соиграчи да го доживеат ова што јас го почуствував и сеуште го чувствувам како припадник на Задар-истакна Мекиќ и додаде:

-Многу добро знам што Тодор Гечевски значи, не само за овој град, туку и за нашата кошарка. Веројатно малку луѓе кај нас знаат, што и не е така чудно дека овде бев прифатен како Тоше. Од првиот момент публиката во Задар ми скандира-ше: ‘Тодоре, Тодоре, Тодореее’. Тоа и ме поттикна да го направам ова, што, ете, и донесе дополнителна димензија на прославата. Секој кој професионално се занимава со кошарка, со спорт, воопшто, посакува да му се случуваат вакви моменти. Ќе останам да уживам во сето она што ни се случува, – порачува Мекиќ од Задар за официјалната страна на кошаркарската федерација на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни