Поврзете се со нас

Свет

Мекиќ и Задар на чекор од титулата во Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Задар на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ е на добар пат да стане нов шампион на Хрватска со оглед на тоа што го зголеми водсвото во финалната серија против Сплит.

Избраниците на Јусуп по втор пат славеа на теренот на противникот, овојпат со 94-84 и сега пред своите гледачи веќе во недела може да дојде до пехарот во оваа конкуренција.

Доста неизвесен беше дуелот во Сплит, немаше победник по 40 минути (75-75), па мораше да се игра „екстра период“ во кој гоостите беа на далеку повисоко ниво и со 19-9 дојдоа до голем триумф.

Божиќ беше лидер со 30 поени и 15 скокови, Дрежњак пак додаде 19 поени и 5 скока од клупата за резерви. Значаен придонес имаше и нашиот Мекиќ кој за 21 минута на паркетот уфрли 9 поени со 4 скока, 1 аистенција, 2 украдени топка и исто толку блокади.

Шортер со 20 поени ја преводеша листата кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни