Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ и Задар го уништија Сплит и го грабнаа пехарот во Хрватска

Објавено

на

foto: kkzadar.hr

Задар е најдобрата екипа за оваа сезона во Хрватска, екипа која се врати на тронот откако во финалната серија го суреди Сплит со чисти 3-0.

По двете гостински победи, избраниците на Јусуп вечерва го уништија Сплит пред своите гледачи со 99-62 и со стил ја освоија титулата во домашниот шампионат. Сите четвртини им припаднаа на играчите на Сплит, најубедливи беа во вториот период кој заврши со 24-9.

Дрежњак беше прв стрелец со 19 кошеви, Божиќ пак беше најдобар поединец со 16 поени, 13 скока и 11 асистенции. Нашиот репрезентативец Адем Мекиќ уфрли 9 поени со 3 скока и 2 асистенции.

Тонко со 11 поени пак беше прво име во поразениот табор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни