Поврзете се со нас

Репрезентација

Мекиќ е оптимист: Добро ја познаваме Естонија, можеме да ги победиме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација се подготвува за дуелот со Естонија, меч кој е прв во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Средбата се игра во петок од 19 часот во СРЦ „Кале“ и истата е од огромно значeње ако се земе предвид дека двете други селекции во нашата група се Полска и Литванија.

Членот на Задар, Адем Мекиќ смета дека Естонците се тим за почит, тим кој игра одлична кошарка, меѓутоа ние водени од публиката можеме да дојдеме до резултатот што го посакуваме.

-Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која и ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка, -вели Мекиќ кој пред неколку дена со Задар го освои Купот на Хрватска.

-Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас, -додаде Адем.

На последните три соочувања со Естонците имаме учинок од два порази и една победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни