Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мекгрегор со последната своја објава го шокираше спортскиот свет: Еј момци, одлучив…

Објавено

на

blank

Една од најголемите ѕвезди во УФЦ спортот, Конор Мекгрегор со својата последна објава го шокираше светот на спортот.

Ирецот објави дека става крај на својата професионална боречка кариера на само 31 година.

Мекгрегор оваа објава ја постираше во текот на денешниот ден и веднаш предизвика лавина од реакции.

– Еј момци, одлучив да се пензионирам од борењето. Ви благодарам на сите за прекрасните спомени. Каков пат беше ова! Ова е фотографија со мајка ми во Лас Вегас по една од моите титули. Изберете го домот на своите соништа, ве сакам! Тоа што ќе го одлучите е ваше, -напиша Мекгрегор.

Дел од јавноста не ја сфати сериозно оваа објава на Мекгрегор кој два пати досега на сличен начин најавуваше крај на својата кариера.

Еднаш тоа го направи во март минатата година, за потоа да се врати во октагонот по помалку од 12 месеци кога влезе во борба со Доналд Серон.

Претходно исто така објави крај на својата кариера во 2016 година кога беше поразен од Нејт Дијаз, но исто така набрзо го повлече својот збор.

Во досегашната кариера, Конор Мекгрегор има 26 борби од кои победил на 22, а забележал порази на само четири средби. Мекгрегор од 22 победи, дури 19 ги завршил со класичен нокаут.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни