МекГрегор смисли нов удар при враќањето во октагонот и го шокираше противникот: Никогаш не сум видел вакво нешто! (Видео)

konor-kauboj

Конор МекГрегор на величествен начин се врати во октагонот и за само 40 секунди славеше во УФЦ пресметката со Доналд Серон, но моќниот кам-бек на Ирецот привлече посебно внимание и поради тоа што поранешниот шампион прикажа еден иновативен удар.

МекГрегор буквално го збуни популарниот „Каубој“ и му зададе неколку удари со своето лево рамо, а ако самиот Конор призна дека станува збор за техника која веќе ја употребувал на тренинзите, неговиот противник призна дека истата му нанела голема штета, бидејќи воопшто не очекувал такво нешто.

– Никогаш немам видено нешто вакво. Ми го скрши носот со тие удари и почнав да крварам. Потоа направив чекор назад и ми зададе удар со ногата во главата, – објасни Серон кој по пресметката можеше само да му честита на МекГрегор кој со успешното враќање најави уште неколку спектакуларни битки во УФЦ.

Facebook Коментари