Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мекгрегор сака да се врати во октагонот и предизвика еден противник: Светот ќе зборува за мене, крал на три категории

Објавено

на

Еден од најпознатите ММА борци, Конор Мекгрегор повторно го привлече вниманието на боречката јавност откако јавно предизвика на борба еден свој ривал.

Ирецот, во деновите кога во неговата земја се слави „Сент Патрик“ објави дека сака да одработи натпревар против шампионот во валтер категоријата, Камару Усман.

Мекгрегор јавно го повика Ниегериецот за кого истакна дека веднаш ќе го нокаутира и така ќе стане крал на три категории во ММА спортот.

– Јас против Усман за титула до 77 килограми е борбата на која што целам. Огромен сум, се чувствувам силно издраво. Имам одлична енергија и нема потреба да се исцрпувам по тешката повреда. Убеден сум дека можам да го средам спориот борач. Што може да ми направи? Каде е опасноста? Не гледам како може да ме победи.

– Светот повторно ќе зборува за мене, крал на три категории. Ќе испишам историја затоа што никој никогаш не бил шампион во три различни категории. На никој после мене тоа нема да му успее. Кога ќе го нокаутирам Усман ќе бидам прв кој зел три појаси со нокаути, -истакна самоуверениот Мекгрегор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни