МекГрегор со прва реакција за срамниот инцидент со возрасниот господин

konor-starci

Пред неколку дена во јавноста се прошири скандалозното видео кое ни го откри инцидентот од пред неколку месеци, материјал кој само ни докажа дека Конор МекГрегор нападнал повозрасен маж со тупаница откако овој одбил да пие од неговото познато виски.

Немилиот настан се случи во паб во Даблин некаде на средината на месец април, но се чекаше дури до средината на овој месец за да се појави првото видео кое ја докажува несовесната агресија на човекот кој се занимава со професионални борби. Откако доби безброј напади од јавноста и од фановите, ирскиот борец сега за првпат се огласи преку медиумите, порачувајќи дека е подготвен да одговара за срамниот потег.

– Се обидов да се смирам со господинот и го направив тоа во дадениот момент. Но, тоа е најмалку важно, мора да преземам одговорност. Ќе се соочам со сето она што е пред мене, со сето она што ќе ми се случи. Што и да биде одлучено, ќе биде заслужено. Нема да се кријам, тоа беше комплетно неприфатливо однесување за човек како мене. Ми се кине срцето од тоа што го направив, треба да служам за пример, а дефинитивно не бев тоа, – порачува МекГрегор во обраќањето за „ЕСПН“.

Конечно се појави видео: МекГрегор удира со тупаница повозрасен човек, реакцијата на господинот е уникатна

Facebook Коментари