Мекгрегор покажа со прст кон УФЦ: Ако ме сакате назад, сакам дел од… (Видео)

konor-2

Светски познатиот борач на УФЦ, Конор Мекгрегор вчера со прст покажа во раководството на УФЦ дека ако го сакаат назад во рингот, потребно е да биде стане дел од сопствеништвото на УФЦ. Тој на презентацијата на неговиот документарец ,,НОТОРИУС” изјави дека неговата желба е да биде ценет и да биде на исто рамниште со раководството зошто прави многу за промоција на овој спорт. Со последната борба со Мејведер успеа на федерацијата да и донесе неверојатни една милијарда долари.

– За мене е важно признанието, тоа е нешто што го заслужувам. Јас треба да се вмешам во носењето одлуки, да бидам прашан за се, односно да бидам дел од раководството и заеднички да одлучуваме.  Ќе бидам промотер на сите борби и сакам да учествувам во делењето на ,,колачот на пари” – дециден е Мекгрегор.

Facebook Коментари