МекГрегор му нудеше виски на Нурмагомедов и му порача: Ти ќе беше мртов, а јас во затвор ако… (Видео)

konor-habib

Конор МекГрего и Хабиб Нурмагомедов ќе имаат жестока пресметка во октагонот на 6 октомври, а изминатава вечер го имаа првото соочување пред мега спектаклот кој со нетрпение го очекува цела спортска јавност.

Двајцата шампиони со посебни амбиции влегуваат во борбата, но традиционално, погласен од својот ривал на соочувањето беше лудиот Ирец кој со провокации и жестоки пораки се обидуваше да го омаловажи Русинот.

МекГрегор извади виски на пресот и му понуди и на Нурмагомедов кој ја одби понудата поради тоа што не пие, а потоа следеше една од најголемите провокации од страна на Конор.

Сите добро се сеќаваме дека Ирецот направи хаос во месец април и заврши во затвор поради тоа што го нападна автобусот во кој беше Нурмагомедов, а изминатава ноќ му порача дека најдобра одлука било тоа што не се симнал од него.

– Благодарен сум на овој човек поради тоа што не се симна од автобусот. Ако го направеше тоа, тој сега ќе беше мртов, а јас ќе бев во затвор, – истакна МекГрегор.

Facebook Коментари