МекГрегор комплетно полуде и направи инцидент: Влезе во кафезот да го прослави нокаутот на својот пријател, па тргна да го тепа судијата! (Видео)

konor-prijatel

Конор МекГрегор е познат како вистински ексцентрик кој од УФЦ борбите прави вистинско шоу, а сега добивме доказ дека случајот знае да биде таков и кога тој не е во центарот на вниманието, односно кога не во популарниот УФЦ кафез.

УФЦ шампионот беше почесен гостин на Белатор 187 спектаклот во Даблин кој понуди неколку возбудливи борби, а Ирецот дојде во фокусот на јавноста кога неговиот пријател ја доби борбата со нокаут. Чарли Ворд ја доби својата борба откако го надмудри противникот со полуга не земјата, а сето тоа го запали Мекгрегор го влета во октагонот за да ја прослави победата со својот пријател. Во свој препознатлив стил, МекГрегор максимално енергично и еуфорично славеше со својот пријател, а потоа му се нафрли на судијата кој се обидуваше да го смири. Конор воопшто добро не ги прифати опструкциите од судијата, па останатите луѓе од обезбедувањето мораа да спречуваат инцидентот да отиде многу подалеку…

Facebook Коментари