Поврзете се со нас

Европски првенства

МекГрегор ја откри уплатата и го типуваше новиот европски шампион: Чекам лесен милион (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/thenotoriousmma

Фудбалската треска од утре ќе ги зафати сите големи љубители на спортот кои редовно ги гледаат најважните летни настани, а очигледно таков ќе биде случајот и со Конор МекГрегор.

Поранешниот УФЦ шампион се уште тактизира со враќање во октагонот, но и покрај тоа, останува доста интересен за јавноста со своето однесување, а и реакциите на социјалните мрежи.

На еден ден пред отворањето на 17-то Европско првенство, Конор откри дека уплатил 83 илјади долари на новиот шампион, додека за возврат ќе очекува еден милион долари.

Популарниот „Ноториус“ типува дека Шпанија ќе оди до крајот и дека ќе ја освои Европската титула, а доколку навистина тоа се случи, ќе добие нешто повеќе од еден милион долари.

– Напред Шпанија. Лесни пари дека Шпанците ќе го освојат Европското првенство на мојот роденден. Убав милион за „Мек“!, – порача МекГрегор кој ќе наполни 36 години на 14 јули, денот кога се игра големото финале на турнирот во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни