Англија
МекГин намерно го шутна Салиба, одговорот од Бен Вајт беше најоригинален (Видео)
Арсенал беше сериозно тестиран уште во второто коло во Премиер лигата и успешно го мина предизвикот наречен Астон Вила, тим кој минатата сезона му нанесе многу тежок пораз на актуелниот англиски вицешампион.
Токму поради тоа, избраниците на Микел Артета имаа уште поголем мотив за победа, а извојуваниот триумф од 0:2 не беше воопшто лесно остварен.
Астон Вила одново се покажа како крајно незгоден тим и имаше свои шанси да го сврти мечот во своја корист, а од моментите кога се водеше беспоштедна битка на теренот пристигна и една ситуација која стана доста коментирана на социјалните мрежи.
Џон Мекгин важи за еден од најпргавите и најтемпераментните играчи во Премиер лигата, статус кој го оправда и при еден дуел во првото полувреме.
Шкотланѓанецот реагираше доста лукаво и намерно го шутна Салиба со топка во ситуацијата кога играта беше прекината, но навивачите на Арсенал се посебно воодушевени од оригиналниот одговор кој го доби од Бен Вајт.
Дефанзивецот му одговори со ист рецепт и успеа да ја „погоди метата“, па на крајот мораа да реагираат и другите фудбалери за да не дојде до поголема тензија.
John McGinn kicks the ball at William Saliba and then immediately gets the ball kicked back at him by Ben White
byu/Schlamperkiste inFootball_Shithouse
-
Италијапред 17 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 16 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 19 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 10 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………