Поврзете се со нас

Англија

МекАти се вклучи во гол-шоуто на Мармуш (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити авторитативно го одбрани својот терен против Њукасл и го реши прашањето околу победникот уште по 33 минути игра, период до кој „граѓаните“ успеаја да постигнат три гола.

Всушност, Омар Мармуш беше човекот задолжен за противничката мрежа, бидејќи Египќанецот го постигна првиот хет-трик како играч на Манчестер Сити.

Големото зимско засилување за Пеп Гвардиола блесна на највисока сцена во Англија со три гола од 19-та до 33-та минута, по што беше јасно дека трите бода остануваат на „Итихад“.

Избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да го приведат мечот до мирен крај, а во завршницата во гол-шоуто на Мармуш се вклучи и младиот МекАти.

По еден изведен корнер, МекАти беше на вистинско место, па со тоа и дефинитивно беше ставена точка на натпреварот.

Головите погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни