Поврзете се со нас

Англија

МекАлистер го избра најдобриот тренер кој го имал во кариерата и ги стави Клоп и Слот во втор план

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Алексис МекАлистер денеска требаше да излезе на терен за големото Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“, но бидејќи бурата „Дара“ го одложи фудбалскиот настан, медиумите добија шанса да ја пласираат изјавата која Аргентинецот ја даде во гостувањето во последниот поткаст.

Аргентинскиот репрезентативец во краток временски интервал имаше можност да соработува со два врвни тренери во Ливерпул, но интересно е тоа што за него Јирген Клоп и Арне Слот се во втор план, односно зад менаџерот од Брајтон.

МекАлистер беше дел од историските подвизи кои ги направи Роберто Де Ѕерби со Брајтон, а извонредното време кое заедно го мина со Италијанецот до толку му оставило трага, што тој го смета актуелниот тренер на Марсеј за најдобар во својата кариера.

– Роберто е луд, позитивно луд Италијанец. Навистина многу го сакам и тој е најдобриот тренер кој сум го имал во кариерата.

– Страста која ја има за фудбалот е специјална и тактичките варијации кои ги има во глава се неверојатно. Секогаш прави да се чувствувате позитивно пред да излезете на теренот. Од првиот ден имав посебна конекција со него, беше неверојатен за мене и затоа велам дека е најдобриот со кој сум соработувал, – вели МекАлистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни