Поврзете се со нас

Англија

Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник во дербито во Премиер лигата што се одигра минатата седмица, дерби кое беше завршено со една препирка на Пеп Гвардиола и напаѓачот Дарвин Нуњез.

Тие двајца неочекувано влегоа во клинч по крајот на натпреварот, но досега немаше информации за причината за таа реакција пред се од уругвајскиот репрезентативец. Јирген Клоп имаше урнебесен коментар за оваа ситуација за да сега Алексис Мек Алистер кој беше многу блиску во средина на инцидентот објасни што се случи на „Итихад“.

-Не знам дали беше корнер или центаршут при кој Халанд шутираше со глава и топката заврши крај голот. Пеп се сврте и дека сме имале среќа или нешто слично.

-Потоа на крајот, топката беше нафрлена во средина и Дијаз сакаше да ја удри со глава, ама тие ја изблокираа. Сега Дарвин му вика на Гвардиола „сега ти си тој што имаш среќа“. Јас се смеев. Ако видев дека е сериозно, очигледно не би се насмеал на тој начин. Но ништо не ме насмеа како што Дарвин се налути толку брзо, -истакна Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни