Поврзете се со нас

Англија

Мек Алистер: Распоредот е пеколен, не можев да ги држам очите отворени

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник 1-1 во дерби средбата во Премиер лигата, средба по која фудбалерите уште еднаш порачаа дека мора нешто да се менува кога е во прашање распоредот.

Играчите веќе некое време играат постојано, имаат клупски, репрезентативни предизвици и едноставно се исцрпени и уште еден доказ за тоа е искрената изјава на аргентинскиот репрезентативец, Алексис Мек Алистер кој имаше две тешки средби со националниот тим во Јужна Америка за да вчера во првиот термин игра дерби со „граѓаните“.

-Искрено, тешко е да се игра со ова темпо. Во петокот имавме состанок на кој тактички се подготвивме за мечот со Сити, не можев да ги држам очите отворени. Многу е заморно – долгото патување предизвикува „џет-лег“, но е така како што е.

-Сакаме да играме фудбал, тоа е она што отсекогаш сме го посакувале, а целта е да победиме – затоа даваме се од себе. Овој натпревар беше многу заморен за нас. Како што очекувавме, Сити е исклучителен и мислам дека реми е соодветен резултат. Имаа иницијатива, но не многу шанси, -порача Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни