Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мејведер откри колку точно заработил од борбата со јутјуберот: Јас сум најдобриот ограбувач на банки!

Објавено

на

Флојд Мејведер е машина за правење пари и по крајот на својата професионална боксерска кариера, бидејќи со егизбициите кои ги органзира во последно време, заработува исто, а можеби и повеќе пари од една борба.

Пред извесен период, Мејведер имаше боксерски меч против јутјуберот Логан Пол и истиот доби епитет на вистински циркус од пошироката боксерска јавност која посебно го цени овој спорт, но легендарниот американски шампион вели дека не се грижи за критиките, туку за парите кои ги инкасирал на својата сметка.

Мејведер денеска откри дека заработил 100 милиони долари од пресметката со јутјуберот која заврши без победник, па си додели и нов епитет со оглед на тоа што станува збор за навистина голема сума.

– Јас сум единствената личност во светот што со лажна борба може да заработи 100 милиони долари. Можам да направам обичен спаринг и да добијам 100 милиони долари.

– Јас сум најдобриот ограбувач на банки. Не познавам ниту еден спортист на моја возраст кој може да заработи толку многу пари од неколкучасовно забавување, – вели Мејвердер за егзибицијата со Логан Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни