Мејведер обелодени со колку девојки е во врска истовремено

flojde-girl

Флојд Мејведер во ексклузивното интервју кое го направи за познатиот јутјуб канал „Awkward Puppets“ уште еднаш нагласи дека борбата со Конор МекГрегор и дефинитивно е последна во неговата кариера, но исто така прроговори и на една приватна тема за која има навистина поразличен став и пристап од обичните луѓе.

Неверојатниот шампион стигна до јубилејната 50-та победа во бокс пресметката со Ирецот, но наспроти коментарот за борбата со МекГрегор, откри дека луксузниот живот кој го води благодарерние на големите успеси во кариерата му дозволува да биде во врска со повеќе девојки истовремено.

Диего, водителот на емисијата, побара од Мејведер да ја открие точната бројка на девојки со кои излегува во овој момент, а тој со мала несигурност одговори дека станува број за 7 припадички од понежниот пол.

– Колку девојки има во мојот живот моментално? Седум, станува збор за среќна седумка на моја страна. Со некоја излегува на јадење, со некоја одиме на заеднички патувања. Да имате само една девојка е многу блиску до немање ниту една, – открива Мејведер.

Facebook Коментари