Мејсон се отвори за хорор повредата на черепот: Пола глава ми е полна со метал!

mason-hulll

Рајан Мејсон одлучи да стави крај на својата играчка кариера изминатиот февруари, откако лекарите јасно му препорачале дека ќе биде преголем ризик да се врати на професионалното играње фудбал, а 18 месеци по хорор повредата на черепот, некогашниот играч на Хул се отвори за операцијата која му го спаси животот.

Мејсон имаше еден крајно незгоден судир со Гери Кејхил на натпервар против Челси по што итно му беше направена операција на черепот, а сега одлучи детално да објасни дека докторите морале да ја исполнат неговата глава со метални плочи за да му го спасат животот.

– Имам 14 метални плочи во черепот, како и 28 завртки кои овозможуваат тие да останат на место. Половина глава ми е полна со метал. Лузната беше навистина голема и имав 45 конци на главата. Свесен сум низ што пројдов, а најтешко ми е кога имам главоболка. Болката е вознемирувачка, но особено ми беше тешко во првите три месеци. При секој мрднување на главата, болката беше неиздржлива. Немам зборови со кои можам да му се заблагодарам на Хул. Ме пратија кај преку 50 експерти со цел да му се вратам на фудбалот, но на крајот ја донесовме најправилната одлука. Во животот има поважни работи од фудбалот, – вели Мејсон во интервјуто за „Фор-Фор-Ту“.

Facebook Коментари