Поврзете се со нас

Англија

Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна

Објавено

на

Мејсон Гринвуд во текот на вчерашниот ден беше ослободен од сите обвиненија за силување и обид за убиство врз својата девојка, која пред нешто повеќе од една година го пријави на англиската полиција која веднаш го уапси надежниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Од тогаш фудбалерот е надвор од терените и беше суспендиран од англискиот клуб, а многумина си го поставија прашањето што ќе се случи со него по вчерашната одлука на судските инстанци на Островот.

Во Манчестер Јунајтед нема да брзаат и нема веднаш да му дадат зелено светло на играчот да се врати во клубот, туку ќе ги истражат сите детали, а дури потоа ќе одлучат дали на играчот ќе му биде дозволено повторно да заигра за „ѓаволите“.

Извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд ќе ја предводи комисијата која ќе одлучи кои ќе бидат следни чекори на клубот, а истите ќе бидат донесени врз основа на тоа дали неговото враќање би имало влијание врз комерцијалните договори на клубот, со оглед на тоа што во јавноста излегоа и експлицитни аудио содржини на кои се гледа како Гринвуд се однесува со својата девојка.

Според последните најави од Англија, во Манчестер Јунајтед владее сериозна поделеност околу „случајот Гринвуд“. Едни се подготвени да му дадат прилика на фудбалерот да ја „оживее“ својата кариера чувствувајќи должност кон играчот кој од најрана возраст е во клубот, а други пак го изразиле своето незадоволство со евентуалното враќање на Гринвуд на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни