Поврзете се со нас

Англија

Мегваер за новото име во англиската репрезентација: Тој е како Белингем

Објавено

на

Англиската репрезентација ќе го искористи овој период да одигра две квалитетни пријателски средби против Белгија и Бразил, две селекции кои се при самиот врв на светскиот фудбал.

Овие тестови добри ќе му дојдат на „гордиот албион“ пред следните големи предизвици како што е Европското првенство каде ќе го имаат статусот на главни фаворити за пехарот. Веќе стандардно дел од националниот тим е дефанзивецот Хари Мегваер за кого може да се каже и дека е ветеран, па токму со своето искуство сака да му помогне на Коби Мејну за кого ова е прв повик од сениорската селекција предводена од Герет Саутгејт.

-Не гледам зошто да не е подготвен. Да се игра на некој голем турнир, важно е да се има искуство, но и младите момци доаѓаат и понекогаш играат без страв и можат да се истакнат на тој начин. Воопшто не сем загрижен. Неверојатно е дека има (само) 18 години, тој е толку зрел. Тој е малку како Џуд кога бил млад момче. Тој има зрела глава на рамениците. Немам никакви грижи. Од ден на ден ја гледам неговата способност на тренинзите. Тој само сака да работи напорно и да работи добро. Му честитав, реков дека го заслужува тоа, да продолжи така и да ужива.

-Има се, може брилијантно да се справи со топката. Тој е навистина силен, моќен и може да се види како напредува во таа улога, особено за Манчестер Јунајтед. Слушајте, имаме многу добри играчи од средината на теренот во моментов, многу играчи кои беа таму и го направија тоа и покажаа дека можат да го направат тоа на големите, големи турнири. Ќе продолжи да работи напорно, сигурен сум дека ќе биде така, бидејќи е одлично момче. Тоа се возбудливи времиња за него и неговото семејство. Ќе видиме каде ќе оди, -истакна Хари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни