Поврзете се со нас

Англија

Мегваер за неочекуваниот пресврт во Јунајтед: Докажав дека бев во право

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер ја одби понудата од Вест Хем и реши да остане во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што беше сигурна резерва на стартот на сезоната, но како што одминува времето, стандардниот англиски репрезентативец се почесто се наоѓа во ротацијата на Ерик Тен Хаг.

Поранешниот капитен на Јунајтед мирно и трпеливо ја чекаше својата шанса и дочека такво нешто од Холанѓанецот, кој пред извесно време откри дека Мегваер со своите натапи му го украл стартното место во тимот на Рафаел Варан.

Мегваер беше во почетните 11 на Јунајтед на последните осум натпревари и ги одигра сите 90 минути, што дефинитивно е голем пресврт за фудбалерот кој беше ставен и на трансфер листата.

– Докажав дека бев во право што останав. Играв натпревари и минатата сезона на стартот, а потоа Варан и Мартинез играа брилијантно и менаџерот не сакаше да менува. Морав да бидам трпелив и да ја чекам својата шанса, но кога ја добивав, се повредував, а еднаш и се разболев. Никогаш не влегов во ритам и тоа ми создаваше проблем, не можев да се докажам пред менаџерот.

– Сега се докажав пред Тен Хаг, играм на многу натпревари во низа и уживам во мојот фудбал. Сакав да останам во клубот без оглед на се и сакав да се борам за своето место во тимот. Конкуренцијата за стоперските позиции е навистина многу тешка и тоа прави сите да бидеме на највисоко ниво, – вели Мегваер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни