Поврзете се со нас

Англија

Мегваер за малку ќе му ја скршеше ногата на Лукиќ, Ивоби го замолкна „Олд Трафорд“ во 97. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Хари Мегваер постигна гол за израмнување против Фулам во 89-та минута, но всушност навистина нејасно е како стоперот воопшто остана на теренот, бидејќи дефанзивецот на Манчестер Јунајтед режираше навистина ужасен старт во првиот дел.

Англискиот репрезентативец со отворен ѓон стартуваше над Саша Лукиќ и малку фалеше да му ја скрши ногата, но најнејасно од целата ситуација е како не се вклучи ВАР и како на Хари не му беше покажан црвен картон.

Дефанзивецот мина само со жолт и го одигра цел меч на „театарот на соништата“, па иако на една минута пред истекот на 90-та го неутрализираше голот на Баси и израмни на 1:1, тоа не беше доволно за Јунајтед да освои барем бод.

Тимот на Ерик Тен Хаг одигра многу лош натпревар и заслужено беше казнет во судиското продолжение, кога Траоре истрча извонредно во контра и потоа додаде до Ивоби кој погоди за 1:2 во 97-та минута.

Фулам на овој начин оствари голема и заслужена победа на „Олд Трафорд“, додека Јунајтед става крај на серијата од четири триумфи во низа и сега е на осум бода од четвртопласираната Астон Вила која денеска победи над Нотингем Форест со 4:2.

Ужасниот старт на Мегваер погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни