Поврзете се со нас

Англија

Мегваер со прва реакција откако остана без повик за ЕП во Германија

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер е еден од фудбалерите кои последни отпаднаа од составот на Англија за ЕП 2024, а дефанзивецот не го криеше разочарувањето од ваквиот епилог и конечната одлука на селекторот Герет Саутгејт.

Стоперот на Манчестер Јунајтед влече повреда од април поради која не настапи и во финалето на ФА купот, па селекторот проценил дека не е доволно подготвен за место меѓу 26 повикани играчи.

– Потиштен сум што нема да настапувам за Англија на ЕП ова лето.

– И покрај моите големи напори, не успеав да ја неутрализирам повредата, можеби притискав премногу за да го решам овој проблем. Едноставно, сега сум премногу тажен, – истакнал Мегваер.

Покрај Мегваер, Саутгејт реши да ги прецрта и голманот Трафорд од Барнли, Брантвејт од Евертон, Кванса и Џоунс од Ливерпул, Грилиш од Манчестер Сити и Медисон од Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни