Поврзете се со нас

Англија

Мегваер се закани дека ќе си оди од Јунајтед: Кога јас сум стартер, тимот има луд процент на победи

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер останува исклучително важен за англиската фудбалска репрезентација и натаму е клучен фактор во системот на Герет Саутгејт, без оглед на тоа што ја загуби стандардната стартерска улога во Манчестер Јунајтед.

Стоперот на „ѓаволите“ минува низ тежок период и мора да гледа како други играчи добиваат шанса пред него од Ерик Тен Хаг, но на последниот драматичен меч беше во стартниот тим и тоа сега му послужи за да даде интересна изјава во јавноста.

Мегваер тврди дека тимот има многу подобар процент на победи кога тој е во стартните 11, но во долгото обраќање кое го имаше, најави дека нема вечно да седи тивок и ќе си оди од клубот ако не најде заедничко решение со Ерик Тен Хаг.

– Не е моја одлука дали ќе играм на следниот меч, или не. Не сум сигурен дали ќе бидам стартер на следниот меч, ќе дознаеме кога ќе се вратам во клубот. Но, ако се гледаат моите последни 15 или 20 натпревари, можам да кажам дека сум задоволен од своите изведби. Мојата статистика под актуелниот тренер говори сама за себе. Не играм толку колку што сакам, но мојот процент на победи кога стартувам е лудо висок. Имаше моменти кога можев и повеќе, но јас секогаш се борам за тимот и ќе дадам се од себе за да се искачиме на табелата, – вели Мегваер и додава.

– Сепак, нема да останам во клубот цел живот и да играм по еднаш месечно. Ако ова продолжи вака, ќе седнеме заедно со клубот и ќе ги расчистиме работите, – најави стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни