Поврзете се со нас

Англија

Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го мина Арсенал во третата рунда на ФА Купот и го доби дербито на „Емирејтс“, и тоа после фудбалска драма во која на крајот решаваа пеналите.

Судбината посака Џошуа Зиркзе да го изведе последниот удар од 11 метри со кој Јунајтед ја потврди победата во пенал серијата, па Холанѓанецот конечно дочека и моменти на слава после ужасниот период кој го остави зад себе.

Напаѓачот беше понижен на „Олд Трафорд“ и доби жестоки свирежи откако беше изваден по 30 минути игра против Њукасл, но неколку недели подоцна, сега дочека момент да биде клучен фактор во дуел против Арсенал.

Презадоволен од ваквото сценарио е и Хари Мегваер, кој не криеше дека посебно се радува за стрелецот на победничкиот гол.

– И јас минав низ нешто слично, имав тежок период во клубот и знам колку се тешки такви моменти. Има период кога сите се против вас, освен навивачите на Јунајтед. Натпреварот против Њукасл беше несреќен за Џош, тој беше жртвуван, иако тренерот можеше слободно да ги извади сите 11 фудбалери кои беа на теренот.

– Кој и да излезеше во тој момент, мислам дека ќе беше еднакво исвиркан од навивачите. На тој натпревар, сите заслуживме да бидеме исвиркани за начинот на кој игравме. Знам дека беше разочарувачки за Џош, но тоа можеше да му се случи на било кој друг од тимот. Навистина сум среќен што на крајот тој го постигна голот за победа против Арсенал, сите во тимот имаме голема верба во него и сакаме да го гледаме во вакво издание, – изјави Мегваер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни