Поврзете се со нас

Англија

Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на ФА Купот и тоа откако вечерва на драматичен начин го доби соочувањето со Лестер 2-1.

Доста коментари и реакции сигурно ќе има за победничкиот гол на Мегваер во 93 минута затоа што изгледа дека при истиот има офсајд, но во оваа четврта рунда нема ВАР технологија што во случајов беше полн погодок за составот од „Олд Трафорд“.

„Лисиците“ го добија првиот дел со 1-0 со голот на Де Кордова Рид во 42 минута. Домаќините заиграа подобро во продолжението и во 68 минута преку Зиркзе дојдоа до 1-1.

Овој резултат беше активен до судиското продолжение во кое Мегваер со удар со глава го матираше својот поранешен тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни