Поврзете се со нас

Англија

Мегваер: Ова е приказна за нашата сезона, мораме да…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не успеа да ја продолжи победничката серија во Премиер лигата и го доживеа првиот пораз во 2024 година и тоа на „Олд Трафорд“ каде Фулам беше подобар со 2-1.

„Црвените ѓаволи“ на овој меч настапија без својот најдобар голгетер, па и најдобар играч во последно време Расмус Хојлунд кој поради повреда ќе биде во аут неколку недели.

Неговото отсуство се почуствува во играта на Јунајтед, завршницата на акциите, но дефанзивецот Хари Мегваер смета дека како група мора да пронајдат вистинско решение и да не дозволат да се случи тоа што се случи денеска.

-Бевме погодени од повредата на Расмус [Хојлунд], кој беше голема фокусна точка за нас, но наше е да ги најдеме решенијата и областите во кои треба да се подобриме. Тој беше нашата фокусна точка, можеме да играме со него, одлично го започнува пресот, не само тоа туку Маркус [Рашфорд] игра навистина добро лево. Тоа е приказната за нашата сезона, ние бевме погодени од повреди – како и другите тимови – и треба брзо да најдеме решение, -порача Хари кој беше автор на денешниот гол на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни