Поврзете се со нас

Европски првенства

Мегваер откри дека татко му бил повреден во хаосот на „Вембли“

Објавено

на

УЕФА отвори истрага за инцидентите кои се случуваа на „Вембли“ на денот на финалето на Европското првенство, а во кои главната улога ја имаа англиските навивачи.

Насилничкото однесување, тепањето италијански фанови и влегувањето на стадион без билети ќе донесе нови казни за Англиската фудбалска федерација, а донесе и разочарување кај голем број домашни фанови кои беа присутни на трибините.

Репрезентативецот Хари Мегваер им открил на медиумите дека неговиот татко бил повреден откако бил дел од стампедо кое го предизвикале англиските фанови.

– Мислам дека бил инволвиран во стампедо и заработил неколку повреди, вклучувајќи ги ребрата.

– Зборував со него и ми кажа дека бил преплашен, тоа што се случувало било страшно. Зборував со сите членови на фамилијата кои биле на „Вембли“, татко ми и агентот поминале најлошо, – изјавил дефанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни