Мегваер одговори на првите жестоки критики: Ќе може да ми судите за пет или шест….

megvaer-new

Хари Мегваер почувствуа да се обрати на социјалните мрежи и да им испрати порака на фановите на Манчестер Јунајтед по ужасното издание и болниот пораз од Њукасл, но во првата прилика која ја доби да зборува пред медиумите, најскапиот стопер во историјата на клубот им се обрати и на луѓето кои веднаш започнаа да го доведуваат во прашање неговиот ангажман.

Јунајтед издвои високи 80 милиони фунти за неговиот трансфер од Лестер на крајот од летниот преоден рок во Англија, а издвоената сума секако носи дополнителен притисок за англискиот репрезентативец кој експресно брзо се соочува со првите остри критики од јавноста.

Тоа често знае да донесе и одредена нервоза кај фудбалерите кои прерано се соочуваат со ситуациии да им се суди за нивните партии, па поради тоа, Мегваер сега им испрати порака на своите редовни критичари.

– Ова е проект на долг план и тоа е најважната работа. За пет или шест години, ќе може да ми судите. Тогаш ќе може да ми се суди дали сум бил успешен трансфер, или сум бил неуспех за клубот. Јас верував и убеден сум дека за пет или шест години ќе бидам успешен во клубот. Сигурен сум дека ќе имаме многу добри работи до тогаш. Мора да се подобриме како тим, а не јас како индивидуалец. Ако се подобриме како тим, јас ќе бидам успешен. Фудбалот е тимски спорт, – порачува Мегваер за магазинот „Инсајд Јунајтед“.

Facebook Коментари