Мегваер одбил понуда од која „боли глава“ со цел да се пресели во Манчестер Јунајтед

megvaer-debi

„Дејли Стар“ пренесува дека најскапиот дефанзивец во светот, Хари Мегваер одбил далеку побогата понуда затоа што бил решен кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Англискиот репрезентативец одбил неверојатни 278.000 фунти неделно од Манчестер Сити, клуб кој исто така беше заинтересиран за 26 годишниот фудбалер кој за 80 милиони фунти од Лестер пристигна на „Олд Трафорд“.

Мегваер во Јунајтед заработува 190.000 фунти неделна плата, што е за 88.000 фунти помалку од тоа што го понудил Манчестер Сити.

Оваа информација се коси со изјавата на Пеп Гвардиола кој потврди дека Сити бил заинтересиран за неговите услуги, меѓутоа не можел да си го дозволи трансферот затоа што играчот бил прескап за нив.

Facebook Коментари