Англија
Мегваер објасни зошто не се реализирал трансферот во Вест Хем

Хари Мегваер и во актуелнава сезона е дел од Манчестер Јунајтед што е изненадување со оглед на тоа што падна во втор, трет план кај тренерот Ерик Тен Хаг и едноставно се очекуваше да си замине од клубот во летниот преоден рок.
Вест Хем беше најзагреан за него, па дури и се појавија информации дека тој ја одбил оваа можност за да сега дефанзивецот добие можност и ја каже својата страна, поточно што се случило кога е во прашање оваа тема.
-Редовно да играм е навистина важно за мене, тоа беше во текот на целата моја кариера. Вистинската можност да одам во Вест Хем навистина не беше договорена меѓу двата клуба и мене, така што не беше само моја шанса да кажам „да“ и дека тоа го правам.
-Вистинската можност ја немаше затоа што не стигнавме доволно далеку со неа. Вест Хем е голем клуб, мојот фокус се уште е на Манчестер Јунајтед. Сакам да се борам за моето место, но се разбира играњето е навистина важно за мене, -порача Хари кој и покрај тоа што има слаба минутажа во премиерлигашот постојано добива повик за настап во англиската репрезентација.
-
Светпред 12 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)